Откако мартовскиот и јунскиот термин беа откажани поради кризата со „Ковид-19“, се чини дека историското полуфинале за пласман на ЕВРО 2021 меѓу Македонија и Косово, ќе се игра во октомври или ноември, и веројатно без публика.

За ова свој коментар има Бернард Шаландес, селекторот на фудбалската репрезентација на Косово. Тој за медиумите во Косово изјавил:

„Ако ме прашувате мене, тогаш за нас мечот меѓу  Македонија – Косово, најдобро е да се игра во декември. Во месеците септември, октомври и ноември би се играле шест меча од Лигата на Нации, тоа ќе биде одлична можност да се подготвиме, да се воиграме уште повеќе пред дуелот си Македонија. Затоа велам дека за Косово најдобар период за играње со Македонија е месец декември“, потенцирал Шаландес.