Холандскиот тренер Франк де Бур даде шокантна изјава за холандските медиуми. Тој се тестирал за корона вирус и тестот бил негативен, а Де Бур се надевал да биде позитивен на КОВИД-19. Тој е тренер на американскиот Атланта Јунајтед.

Двајца мои помошници пет дена кашлаа, имаа дијареа и им се појави температура. Симптоми за корона вирус. Во консултација со клупскиот доктор решивме да направиме тестови. Сите се негативни вклучувајќи го и мојот. Од една страна сум среќен, но некако потајно сакав да имав позитивен резултат и потоа да бев излекуван и имунизиран“, коментира поранешниот холандски репрезентативец за „АД“.