УЕФА ќе организира нова видео конференција на 23-ти април на која повторно ќе се дискутира за начинот на кој треба да се заврши сезоната 2019/2020. Оваа информација доаѓа откако претходните денови се одржаа телефонски разговори од страна на раководството на УЕФА со сите 55 национални федерации членки, како и со раководството на здружението на клубовите.

Фудбалската сезона беше прекината во март поради пандемија на коронавирусот и се бараат опции за да се стави крај на истата.

Приоритет за УЕФА е завршувањето на националните првенства и турнири. Разгледана е опцијата за одигрување на натпревари до крајот на јули, па дури и во август, со утврдени датуми за евентуално комплетирање на Лигата на шампионите и Лигата на Европа. Сепак, одлуките ќе бидат познати за десетина дена.