Маркос  Љоренте, младиот фудбалер на Атлетико Мадрид направи гест кој секако дека ќе го ценат и сите во Ливерпул. Имено шпанскиот репрезентативец кој го покори „Енфилд“ во 1/8 финалето од Лигата на Шампините, и речиси сам го исфрли Ливерпул од ова натпреварување сезонава, го донираше својот дрес од тој меч во битката против коронавирусот. Дресот е откупен за 8.100 евра а парите ќе одат во посебна фондација.

Секако дека ова е голем потег на младиот Маркос Љоренте, достоен за фудбалер на Атлетико Мадри и пулен на Диего Чоло Симеоне.