Mozzart досега донираше над 50.000 евра за борба против коронавирусот, наменети за подрачјата кои се најзагрозени од оваа пандемија.

Препознатлива како општествено-одговорна компанија, настојува да биде вклучена во повеќе сфери и преку различни акции и кампањи да придонесе онаму каде што е најпотребно. Донираше финансиски средства за Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје, Клиничката болница во Битола, Општата болница во Дебар, Клиничката болница во Штип. Исто така донираше и телевизори за останати болници, потоа домови за нега на стари лица и за домови за деца ширум Македонија.