Рушту Речбер, славниот турски голман во интервју за „АС“ ги раскажува миговите кога се лекувал од коронавирусот. Човекот со најмногу настапи за националниот тим на Турција беше во тешка состојба позитивен на коронавирус, но успеа да го победи и сега се наоѓа на домашно лекување.

Открива дека челници на Барселона му се јавиле да му изразат поддршка.

„Поддршката од фамилијата ми беше најважна. Да, ми се јавија и од Барселона, ми дадоа голема поддршка. Карлос Навал и Чами Торес ми ги пренесоа искрените желби од претседателот Бартомеу за брзо оздравување и ми рекоа што и да посакам, тие ќе ми овозможат. Сакам да кажам дека кога и да сметаат дека требам за нешто, им се ставам на располагање на челниците на Барселона. Тие ми дадоа силна поддршка во миговите кога умирав од коронавирусот“, рече Рушту.

Рушту беше дел од Барса во сезоната 2003/2004.