Поранешниот фудбалер на Барселона Чави Ернандез даде интересно видување за фаворитите во Лигата на шампионите, истакнувајќи некои недостатоци кои Барса ги има во ова натпреварување. Еден од најдобрите шпански фудбалери во историјата потврди дека сака еден ден да биде тренер на „каталонците“ но кажа по што се разликува Реал од Барса.

Многумина ја гледаат Барселона како фаворит во ЛШ и јасно е зошто е тоа така. Се работи за клуб кој Лигата на шампионите ја освојуваше само кога беше убедливо најдобар во Европа. Барса нема историска среќа која понекогаш е потребна за освојување на титулата“, рече Чави.

Некои други клубови, како Реал Мадрид, ја имаат таа среќа која ги следи. Барселона имаше таква среќа кога Иниеста постигна гол на ’Стемфорд Бриџ’. За таква среќа зборувам. Некои екипи не мора да имаат одлична сезона во лигата, може да бидат трети, четврти или петти но да ја освојат Лигата на шампионите. Тоа не е случај со Барса“, вели некогашниот играч на каталонскиот клуб.