Поранешниот претседател на ФИФА Сеп Блатер, предлага да се одземе организацијата на Катар за Мундијалот 2022 година, и истиот да се додели на некоја друга земја, како што се Јапонија, Германија или САД.

„Сметам дека треба да се повлече организацијата на Катар, и да се додели на некоја друга земја. Ете на пример Јапонија или САД ќе бидат веднаш подготовени да превземат. Тие веќе имаат инфраструктура. Исто така и Германија. Тоа не е некоја научна фантастика“, рече Блатер.

Блатер сака промена поради контроверзноса околу тоа како оваа земја ја добила битката за Мундијалот, односно беше објавено дека ФИФА била поткупена за Катар да ја добие организацијата на СП.