Иако актуелната сезона не е завршена, и не е познато како и на кој начин ќе финишира, сепак, дел од клубовите се веќе подготвени за следната сезона, односно веќе имаат ангажирано фудбалери. Такви се случаите со Зијех кој оди во Челзи, потоа Нибел кој ќе биде дел од Баерн Минхен.

Ова се 10-те трансфери кои се сигурни за следната сезона.

Евер Банега, екс играчот на Интер, Севиља и Валенсија ќе биде засилување за тимот на Ал Шабаб од Саудиска Арабија.

Тука е и шведскиот фудбалер со македонско потекло, Дејан Кулушевски кој што следната сезона ќе игра за Јувентус.

Александар Нибел, голманот на Шалке, од идната сезона се сели меѓу диреците на Баерн Минхен, а со оглед дека моментално тимот е далеку од нов договор со Нојер, може и веднаш да стане прва опција.

Барселона го откупи играчот Педри од Лас Палмас. Наполи од идната сезона ќе го има Андреа Петања од Спал. Амир Рахмани од тимот на Верона, се сели во Наполи од идната сезона. Франциско Трасао од Брага ќе биде засилување за Барса за сума од 31 милиони евра.

Можеби најпознат е трансферот на Хаким Зијех од Ајакс во Челзи кој изнесува 40 милиони евра.

Педрињо од Коринтијанс за 20 милиони се сели во таборот на Бенфика.

Салцбург ја засили голманската позиција со Хосеп Мартинез од Лас Палмас.