Гери Невил помина 20 години во Манчестер Јунајтед и токму тој беше човекот кој ја наследи капитенската лента од Рој Кин кога Ирецот си замина од клубот. Невил раскажа за момент кога сакал да се откаже од капитенската улога затоа што не се снаоѓал најдобро. Но Алекс Фергусон му дал образложение зошто не може да го стори тоа.

Во тоа време сфатив дека немам добар придонес каков што се очекува од капитен. Отидов да се видам со Ферги за време на пресезонските подготовки, имавме фантастичен тим и играчи со многу силни карактери. Му реков дека не се чувствувам како пример за капитен, а тој ми возврати: Синко, ќе мора да ја задржиш таа е…а лента. Ти и Гигс ќе си ја менувате и крај на приказната. Ако му ја дадам на Роналдо, Руни ќе збесне, ако му ја дадам на Видиќ, Фердинанд ќе збесне… Јас и Гигс бевме полицајци во соблекувалната, но во тоа време се чувствував како недостоен за таа улога“, раскажа Невил за „Скај Спортс“.