Откако денеска Ракометната федерација на Македонија излезе со предлог до клубовите за предвремено завршување на сезоната, без прогласување на шампиони, исто така достави и предлози за начинот на формирање на лигите за следната сезона.

Според тоа, следната сезона Машката Супер лига ќе брои 16 екипи, односно моменталните 10 екипи од Супер лигата од сезона 2019/2020 година, 2-те екипи од регионалната Сеха Лига и 4-те екипи од Прва Машка ракометна лига, (по две прво рангирани екипи од двете групи од Прва лига кои се натпреварувале во сезона 2019/2020) согласно моменталниот ранг на табелите (сезона 2019/2020), односно екипите на Астраион, Тиквеш, Прилеп и КЛ7.

Предлог плус е во сезона 2020/21 година, машката Супер лига да биде поделена во две групи од по 8 екипи, а одредувањето на групите да биде по принцип на полу–бергер систем согласно претходниот ранкинг во националниот систем на натпревари, дополнително во иста група нема да може да бидат ракометни екипи кои се регистрирани од еден ист правен субјект, односно клубови кои се регистрирани како подружници на ракометните клубови.

Натпреварувањето во секоја група ќе се одигрува по еднокружен бод систем (домаќин – гостин 2 х 7 кола) вкупно 14 кола по група. По завршување на 14-тото коло ќе се формираат две групи play-off и play-out. Натпреварите за ракометните екипите во групата play-off ќе се одигруваат со еднокружен бод систем (домаќин – гостин 2 х 7 кола) вкупно ќе бидат одиграни 14 кола преку кои ќе се дојде до добивање на конечен пласман.