Англискиот „Телеграф“ со назнака „ексклузивно“ најавува кога УЕФА планира да ги закаже финалињата во Лигата на Шампионите и Лигата на Европа. Како прво се очекува фудбалот да се врати на терените при крајот на следниот месец, барем такви се најавите, а финалето во Лигата на Шампионите би се играло на 29 август, додека тоа во Лигата на Европа на 26 истиот месец. Планот е преостанатите натпревари од 1/8 финалето во ЛШ да се играат во јули, пото следуваат четвртфиналните, за да во средината на август би се одиграле полуфиналињата. 

Инаку ако не беше ситуацијата со Ковид-19, финалето во ЛШ ќе се играше на 30 мај во Истанбул, а она во ЛЕ на 27 мај во Гдањск.