По вчерашната објава за раскинување на договорот меѓу нашиот репрезентативец Стефан Спировски и израелскиот клуб Хапоел ТА, денеска со своја порака на социјалните мрежи се појави и нашиот репрезентативец. Објаснувајќи ги причините за прекинот на соработката, тој им се заблагодари на фановите на израелскиот клуб, клупското раководство и соиграчите за досегашната соработка.

„Би сакал да им се заблагодарам на менаџментот, тренерите, играчите и фановите за сите убави моменти кои ги поминавме заедно. Хапоел ТА ќе остане во моето срце. Му посакувам се најдобро“, напиша Спировски.