Раководството на австриско-германскиот одбојкарски клуб Хипо Тирол Аплен волеј (Хакинг) донесе одлука да не се кандидира за добивање на лиценца за настап во германската Бундес лига за идната сезона 2020/21, а главната причина е пандемијата од корона вирусот.

Клубот беше формиран во 2017 година како резултат на фузија помеѓу германскиот Унтерхакинг и австрискиот шампион Хипо Тирол (Инсбрук). Двете страни потпишаа договор за соработка и клубот доби дозвола да игра во Бундес лигата под лиценцата на Унтерхакинг.

Екипата одигра дел од натпреварите во Австрија, а другиот дел во Германија. Меѓуграничниот проект не успеа потполно да ги оправда очекувањата – бронзени медали минатата година и четвртфинале на Купот на ЦЕВ (елиминација од рускиот Зенит). Оваа сезона до прекинот на првенството тимот беше на четвртото место во Бундес лигата.

Кризата со корона вирусот не е единствената причина за откажување на проектот, но во крајна сметка се потврди за решавачки фактор. Бевме успешни, навивачите не поддржија меѓутоа не можеме да ги постигнеме економските цели. Од создавањето на клубот се стремевме да го зголемиме буџетот за 30% – до 2 милиони евра. Не успеавме. А корона кризата дополнително ги отежна нашите планови. Во овие услови ризикот е голем и не можеме да го прифатиме“, изјави извршниот директор на клубот Ханес Кронтхалер.

А Унтерхакинг откажа да игра во Бундес лигата без австриските партнери, но сепак, одлучи да оди во понизок ранг и да игра со младинци.

Во овие тешки социјални-економски моменти не можеме да осигураме буџет за Бундес лигата. Се откажуваме. Но ќе продолжиме да играме, овојпат ќе пробаме со млад тим од втората лига чекор по чекор да се издигнеме до елитата, штом економската ситуација ќе се стабилизира“, сподели директорот Михај Падурету.

А австрискиот Тирол се враќа во втората австриска лига и ќе продолжи да игра со младинскиот тим.

Ова е трето откажување од Бундес лигата поради финансиски проблеми. Претходно откажаа Ротенбург и Елтман волеј.