Нејмар е приоритет број еден на Барселона за следната сезона. Според информација на италијанската национална тв-куќа РАИ, Бразилецот од ПСЖ сега е приоритетна желба на клупското раководство, иако со денови се зборуваше за трансфер на Лаутаро Мартинез од Интер.

РАИ Спорт пишува декацената од 111 милиони евра која Интер ја постави за Аргентинецот, ги натера каталонците веднаш да се откажат. „Блауграна“ смета дека овие 111 милиони евра се преценети и нема намера да ја плати.

Барселона, ќе стори сé што е можно за да го врати Нејмар во Каталонија, дури и со откажување од некои играчи кои би можеле да завршат во Париз.