Мате Шуњиќ, голманот на Иври за „24сата.хр“ зборуваше за ситуацијата во Франција во време на коронавирус, како и за штетите кои спортот може да ги претрпи поради новонастаната ситуација.

Тој ПСЖ го спореди со Вардар, потенцирајќи дека Катарците можат да заминат во брзо време, па да останат без милионите со кои во моментов располагаат.

„Засега нема најава за финансиите, секојдневно читаме во Л’ Екип, но таму повеќе се пишува за фудбалот и штетите во него.Во Иври ситуацијата е релативно добро, градот е со нас, тоа е приказна стара повеќе од 60 години. Мислам дека поголеми штети ќе претрпат Монпеље и Нант, чии сали постојано се распродадени. ПСЌ е друг свет, имаат буџет колку сите останати тимови. Тоа е приказна како и Вардар, прашање е гола Катарците ќе се повлечат, дали ќе биде за година или пак 25 години“.