Претстојната промена на сопственоста во екипатана Њукасл, ги предизвика англиските медиуми да излезат со список на 10 најбогати сопственици во Премиер лигата во моментот.

Принцот Мохамед Бин Салман наскоро треба да го финализира договорот за откуп на акциите во вредност од 300 милиони фунти, со што ќе добие 80% од сопственоста врз Њукасл.

„Дејли Мирор“ се обиде да открие каде би се нашол на листата на најбогатите новиот сопственик на Њукасл, па излезе дека тој е на одличното 4. место.

Првото место и натаму е за сопственикот на Манчестер Сити, Шеикот Мансур, додека во најбогатата тројка се и газдите на Челзи и Арсенал.

ТОП 10 ЛИСТА НА НАЈБОГАТИ СОПСТВЕНИЦИ ВО ПРЕМИЕР ЛИГАТА

  1. Шеик Мансур / Абу Даби Груп – Манчестер Сити (17,7 милијарди фунти)
  2. Роман Абрамович – Челзи (9,2 милијарди долари)
  3. Стен Кронке – Арсенал (8 милијарди)
  4. Принц Мохамед бин Салман – Њукасл (7 милијарди)
  5. Насеф Савири и Вес Еденс – Астон Вила (6,6 милијарди)
  6. Фосун Интернешнл / Гуо Гуангџанг – Вулверхемптон (5,4 милијарди)
  7. Ајават Шриваданапраба – Лестер (4,6 милијарди)
  8. Џо Луис – Тотенхем (3,9 милијарди)
  9. Семејство Глејзер – Манчестер Јунајтед (3,6 милијарди)
  10. Гао Џишенг – Саутемптон (3,1 милијарди долари)