Германскиот фудбалер Кристофер Шорх раскажа дека кога имал 18 години за него се интересирал Реал Мадрид. Шорх кој во тоа време настапувал за Херта и за младата репрезентација на Германија изјави дека му се јавил спортскиот директор на Реал Мадрид, а тој мислел дека некој се шегува со него и му спуштил слушалка.

Ало, овде Предраг Мијатовиќ, спортскиот директор на Реал од Мадрид. Ми се допаѓа како играш.  Јас му одговорив: „Абе ајде, како да не“. И ја спуштив слушалката“, изјави сега 31-годишниот играч на Сарбрикен.

Дефанзивецот додаде дека мислел дека неговите другари го зафркаваат.

Мислев дека се мајтапат со мене затоа што имам такво друштво. Но, само неколку часа подоцна ми се јави и мојот менаџер и ме праша дали е се во ред со мене. Ми рече одма да се најдам со него во ресторан во Берлин, а кога дојдов таму тој седеше заедно со Мијатовиќ. Останав без здив. Потоа илјада пати му се извинив на Мијатовиќ и му ја објаснив ситуацијата. Ми рече дека никогаш вакво нешто не му се случило, но му беше симпатично“, раскажа Шорх.

Сепак, овој фудбалер завршил во Реал Мадрид но во Б тимот. Откако не успеал да се пробие во А тимот, во 2009 година преминал во Келн. Играл уште за Енерџи Котбус, Бохум, Дуизбург, ФСВ Франкфурт и Баер Ирдинген, а сега е во четвртолигашот Сарбрикен.

Christopher Schorch Schorchs Wechsel ist fix Bundesliga