Бразилецот со италијански пасош и член на тимот на Челзи, Жоргињо се најде во центарот на вниманието, откако е обелоденета неговата љубовна афера со вработена во клубот. Се работи за извесна Елиса Скалкон која работи во клупските простории.

Целата афера ја откри сега веќе бившото момче на Скалкон, кој изнервиран од ситуацијата се реши на ваков чекор.

„Се повеќе и повеќе зборуваше за Жоргињо. Почнав нормално да се сомневам. Минатото лето замина на Челзиевата турнеја во Јапонија, и кога се врати ја прашав Елис дали се случило нешто, а таа ми одговори, не. Конечно, на нејзиниот Ајпод видов еден куп пораки од Жоргињо, во кој што тој ја прашува дали сака романтичен или груб секс“, вели Арон Хјус, екс момчето на Елис Скалкон, инаку навивач на Арсенал. Инаку Жоргињо во меѓувреме ја прекина врската со манекенката Наталија Летери.