Звучи неверојатно, но бројките не лажат, фактите се тие. Имено Њукасл во наредниот период ќе биде финансиски најмоќниот клуб во Премиер-лигата, а веројатно и во светот. Имено познато е дека 80% од акциите на клубот ги презеде Инвестицискиот фонд од Саудиска Арабија.

Главен на тој фонд е саудискиот принц и министер за одбрана на таа земја, Мохамед бин Салман. Е тој фонд располага со неверојатни 320 милијарди фунти. Колку за споредба газдата на Сити, шеикот Мансур „тежи“ само „смешни“ 24 милијарди. Ако сакате, сите клубови заедно во Премиер лигата, односно нивните газди, не „тежат“ колку оној на Њукасл.

Секако, главното прашање е колку ќе сака принцот од Саудиска Арабија да потроши од тие силни милијарди, но ако сака ќе може да направи тим кој нема да има никакви проблеми да владее во Премиер лигата и без проблем да биде прв и во Лигата на Шампионите.