Дресот на потписот на Мајкл Џордан, кој според многумина најдобриот кошаркар низ историјата го носеше на Олимпијадата во Барселона во 1992 година, беше продаден за 216.000 долари,

Аукцијата за дресот на Џордан со кој играше со „Дрим Тимот“ во Барселона се совпадна со премиерата на документарецот „Последниот танц“, кој зборува за трофејната генерација на Чикаго Булс, која освои шест титули во НБА меѓу 1991 и 1998 година.

Аукцијата траеше две недели, а почетната цена за дресот беше 25.000 американски долари.