Златан Ибрахимовиќ додека играше во ЛА Галакси беше прва фаца во клубот. За година и половина на 58 меча Швеѓанецот таму постигна 53 голови. По наговор на Ѕвоне Бобан тој се врати во Европа, и потпиша за Милан, но проблемите почнаа со заминувањето на Бобан од „Сан Сиро“.

За победничкиот карактер на Златан свој коментар има Бразилецот Жоао Педро, соиграчот на Златан од Галакси. Инаку случката била по поразот од Хјустон во МЛС.

„По мечот ни одржа говор. Ни рече дека има 300 милиони во банка, дека свој остров, дека има се што му треба, и дека ова што се случува околу него никако не му потребно. Истакна дека ако сте дошле да прошетате низ Холивуд, да кажеме. Првиот кој ќе зуцне нешто ќе го „убие“ истакна Педро.

По тој натпревар Галакси почнал да победува.