Своевремено мечевите помеѓу Бaрселона и Челзи во Лигата на [ампионите беа нешто посебно.

Многу детали се познати од тие дуели, а ете еден бил мистерија, се досега. Француснкиот интернационалец Клод Макелеле кој е  еден од најдобрите, најценетите и најквалитетните дефанзивни играчи за врска во историјата на фудбалот, беше дел од тие дуели, оа сподели еден детал засега непознат за јавноста.

„Во еден момент му пријдов на Роналдињо и му реков, во ред е да ме дриблаш на нормален начин, но ако почнеш со тие твои плеј – стејшн дриблинзи ќе те пратам во болница“, изјави Макелеле.

Французинот не додаде, дали Бразилецот, инаку во тие моменти најдобриот фудбалер на светот нешто му возвратил, или пак останал да каже се што има со топката во нозе.