Одамна во таборот на Андерлехт се каат што го воведоа некогаш еден од најдобрите играчи од средниот ред Самир Насри. Иако требаше да биде големо засилување, сепак, Французинот повеќе беше проблематичен, од што играше на теренот. Така за Андерлехт настапи само пет пати сезонава, а изгледа дека тоа ќе биде и крајниот епилог со оглед дека белгискиот гигант му подготвува отказ поради кршење на клупските задачи.

Тимот од Брисел им нареди на сите играчи да останат во своите домови додека трае пандемијата со коронавиурсот. Меѓутоа екс играчот на Арсенал и на Манчестер Сити не го послуша тоа, и заминал во Дубаи.

Кога слушнале што се случило, челниците на Андерлехт му го подготвија раскинот на договорот кој го чека проблематичниот фудбалер само да се врати и да дојде до разделбата.