И СЕХА-лига ги чека подобрите денови за да се доигра сезоната. Регионалното натпреварување беше прекинато пред реванш четвртфиналните натпревари, Вардар требаше на домашен терен да го пречека Нексе и да ја одбрани позитивата од еден гол од првата средба.

Сепак поради коронавирусот сите планови се одложени. Потпретседателот на Лигата, Борис Запожњиков во интервју за „Брз Центар“ откри дека завршницата во регионалното натпреварување може да се одржи во август, најдоцна септември, се ќе зависи од условите и ситуацијата со „Ковид-19“.

Доколку има услови за патување, во тој случај крајот на август Задар (домаќин на Ф4) ќе ги пречека најдобрите четири екипи. Од СЕХА ќе ја следат ситуацита, па дури потоа ќе носат одлуки.