Ромелу Лукаку, напаѓачот на Интер излезе со шокатна изјава. Играчите на Интер уште во јануари биле болни, сите имале симптоми на коронавирус, но никогаш не биле тестирани.

„Во декември имавме само една недела одмор, откако се вративме 23 од 25 играчи беа болни. Игравме на домашен терен против Каљари, во 25. минута Милан Шкринар мораше да го напушти теренот, не се чувствуваше добро, малку фалеше да се онесвести.

Сите имаа кашлица и треска, се сеќавам додека се загревав температурата на моето тело беше повисока од вообичаеното. Немав теска со години. По мечот, имавме вечера со спонзрот, брзо заминав дома да легнам. Никогаш не бевме тестирани дали го имаме вирусот“, рече Лукаку.