На денешниот видео состанок на УЕФА со челниците на фудбалските федерации, донесена е одлука кога ќе се играат квалификациските натпревари во Лигата на шампионите и Лигата на Европа за идната сезона. Односно првично е познато кога нашите екипи би ги играле европските натпревари. Овие термини значат дека нашите екипи ќе немаат, или ќе имаат само неколку дена пауза од завршувањето на првенството до почетокот на подготовките за новата сезона.

Така квалификациите од Лигата на шампионите, првично е закажана за следните термини:

  1. коло: 28 и 29 јули – 4 и 5 август
  2. коло: 11 и 12 август – 18 и 19 август
  3. коло: 25 и 26 август – 15 и 16 септември

плеј-оф рунда: 22 и 23 септември – 29 и 30 септември

Лигата на Европа првично би се играла во следните термини:

  1. коло: 30 јули – 6 август
  2. коло: 13 август – 20 август
  3. коло: 27 август – 17 септември

плеј-оф рунда: 24 септември – 1 октомври

Секако дека и овие датуми се подложни на промени, се во зависност од тоа како ќе се развива пандемијата со коронавирусот.