Најмалку уште еден месец ќе почекаме за да видиме конечно кога ќе се игра бараж дуелот за пласман на ЕВРО 2021 меѓу Македонија и Косово. Имено како што велат последните информации, УЕФА има неколку предлози околу тоа кога би се играле овие мечеви, и има три термини во предвид.

Првиот е да се игра во септември-отктомври, вториот е октомври-ноември, а третиот и полуфиналето и финалето да се играат во ноември. Предложено е уште малку да се почека, да се види како ќе се одвиваат настаните со Ковид-19, да се видат и предлозите на Федерациите на земјите кои ќе играат, а потоа на 27 мај, на состанокот на Извршниот комитет на УЕФА конечно да се “пресече“. 

Да потсетиме дека досега овој натпревар, односно сите баражи во Лигата на Нации, двапати се откажани, прво беа планирани за март, а потоа и за јуни.