УЕФА денеска одржа видео-конференција со сите 55 федерации, на којаги презентираше опциите што ги разгледуваа двете работни групи создадени кон средината на март.

Беа презентирани најразлични опции за календари кои опфаќаат натпревари на клупско и репрезентативно ниво. Финансирањето на Националните асоцијации преку програмата „Хет Трик“ на УЕФА, исто така, беше дискутирано, а УЕФА ја повторила заложбата за исполнување на исплатите на земјите членки како што беше и планирано.

Дадена е силна препорака да се завршат домашните натпреварувања во насјсилните лиги и национални купови, но ќе се разгледуваат и некои специјални случаи, во случај на откажана лига, а тие главно се однесуваат на местата во европските купови за следната сезона.

Сите решенија за горенаведените теми ќе бидат објавени по Извршниот комитет на УЕФА во четврток.