Поради продолжување на забраната за јавно собирање и организација на јавни настани, трките во Холандија и Германија закажани за почетокот на јуни ќе мора да бидат одложени.

Ако се знае дека првите осум трки сезонава во Мото ГП веќе се одложени, тоа значи дека бројката на одложени трки сега ќе стигне до десет.

Трките планирани за на патеките Асен и на Захсенринг нема да може да се одржат во планираните термини во јуни и за нив мора да се бараат алтернативни термини. Германија и Холандија веќе забранија јавните собири до 1 септември, со што во прашање е доведена и фудбалската сезона во Холандија.

Единествената трка од календарот на Мото ГП која сигурно нема да се вози оваа сезона е онаа во Катар. Другите чекаат нови термини.