Предмалку заврши состанокот на раководните структури на АБА лигата и клубовите кој настапуваат во ова натпреварување и донесена е начелна одлука дека сезоната треба да се заврши на паркет.

Сепак, конечната одлука околу ова прашање ќе зависи од одлуката на Евролигата, затоа што овие натпреварувања што се вели зависат едно со друго.

Исто така е донесена начелна одлука по ист принцип да се одвиваат и плеј офот и битката за опстанок, а евентуалното проширување на лигата и неиспаѓање на ниту еден клуб, засега не е земено во обзир.