За Лорис Кариус се тргна наопаку во финалето во ЛШ 2018 година кога направи голем број на киксови и на Реал Мадрид му го отвори патот кон титулата.

Германскиот голман замина во Бешикташ на две-годишна позајмица. Турскиот гигант има право да го откупи неговиот договор, но како стојат работите тоа нема да се случи.

Според англиските медиуми, Кариус може да се врати на „Енфилд“, тој испратил жалба во ФИФА откако Бешикташ не му исплатил неколку плати.

Овој 26-годишен голман се надеваше дека во Истанбул ќе го најде мирот, но тоа не се случи, до прекинот на сезоната прими дури 46 гола.