Селекторот на Шпанија, Луис Енрике самиот побарал од фудбалската федерација, да му биде намалена платата за 25%, но и на целиот стручен штаб во месеците додека трае пандемијата со коронавирусот.

Енрике заработува 1,5 милиони евра по сезона, а со оглед дека најмалку шест месеци ќе нема обврски со националниот тим, се реши да се солидаризира за справување со економските последици од Ковид-19.

Шпанската фудбалска федерација ќе престане да заработува од натпреварите со Германија и Холандија, кои требаше да се одиграат како пријателски мечеви, а во јуни требаше да се играат и мечевите против Португалија и Литванија. Но, најголем удар беше откажувањето на ЕП за следната година.