Дарко Периќ дефинитивно е еден од најомилените глумци во овој период. Србинот се прослави со улогата на „Хелсинки“ во популарната шпанска серија „Ла Каса де Папел“.

Овие денови Периќ можевме да го видиме во живо на „Инстаграм“ заедно со Жељко Обрадовиќ, а денеска на официјалниот сајт на Хувентуд, излезе слика со македонскиот репрезентативец, Ненад Димитријевиќ.