Селекторот на Северна Ирска, Мајкл О’Нил поднесе оставка од функцијата поради тоа што нема натпревари за селекцијата во овој период, поради пандемијата на коронавирусот.

Сите натпревари на репрезентативно ниво беа откажани поради пандемијата со коронавирусот, и од септември натаму се очекува да има збиен распоред, а со оглед дека О’Нил има ангажман во тимот на Стоук, нема да може да го издржи темпото, па поради тоа се повлече од националниот тим.

О’Нил беше осум години на чело на Северна Ирска, а најголемо достигнување му е пласман на ЕП 2012 година.