Филип Миркуловски е еден од оние ракометари кои оставија и тоа како длабок „белег“ во македонската репрезентација. Тој за „балкан-хендбол“ зборуваше за кариерата, како и ситуацијата во националниот тим.

Го потврди она што веќе е јасно кога станува збор за ракометот, без Кирил Лазаров не чекаат тешки денови. Миркуловски вели дека мора да бидеме трпеливи со Филип Талески и Филип Кузмановски, за разлика од нив, двајцата ракометари растеа за време на големите натпреварувања.

„За разлика од нас, Талески и Кузмановски растеа на големите првенства, ние растевме низ квалификации. И двајцата направија грешка во избор на клубови, заминаа во Бундес-лига, Тале одите во Рајн Некар, не доби шанса, Кузмановски ја направи истата грешка, но добро е што потпиша во Хановер, ќе добие поголема шанса. Да им оставиме простор овие две три години, па дури потоа ќе видиме.

Слушам изјави дека имаме иднина, но кога Кире ќе се повлече ќе биде тешко да се пласираме на големи натпреварувања. Јас се надевам на најдобро, но нема кој да ги замени Лазаров, нема десен бек, во следните четири-пет години нема кој да ги носи тој товар. Ќе мора се потпреме на Талески и Кузмановски.

Според мене Танкоски е името кое доаѓа по Талески и Кузмановски, тука е Серафимов, но сите ќе мора да работат многу за да дојдат до нашето ниво“.

Бундес-лигата заврши, но Миркуловски засега нема начин како да се врати со своето семејство во Македонија.