УЕФА сака тимови да обезбедат место во европските клупски натпреварувања на спортски начин, а не на поинаков начин.

Челнците на ова натпреварување се согласија на одредени варијации во самиот формат на националните првенства доколку дојде до трка со времето, па ќе им дозволи воведување на разигрување на титулата и опстанокот или одржување на мини турнири.

Крајниот датум за завршување на сезоната е 3. август, до тогаш 15. федерации чии клубови не мора да играат квалификации за Лига шампиони или Лига Европа мора да достават листа на екипи кои следната сезона ќе настапуваат во тие натпреварувања.

Во одредени случаеви како што се Белгија и Холандија, прво треба да заврши состанокот на извршниот одбор на УЕФА, а потоа ќе биде одреден начинот на кој ќе се одредат тимови кои ќе бидат дел од Европа следната сезона.