До синоќа УЕФА се закануваше на оние кои нема да го завршат првенствоото. „Кој не го заврши првенството, нема да има преставници во европските купови“.

Но денеска УЕФА излезе со друго соопштение во кое јасно кажува дека се предава. За што поточно се работи.

Испраќаме силна порака за тоа домашните првенства и куповите да се приведат до крај, иако е разбирливо дека ќе има некои посебни случаи. Имајќи го ова во предвид, УЕФА во моментов подготвува упатства за претставниците на во европските купови за државите кои не можат да го одиграат првенството или купот до крај“, соопштија денеска од УЕФА.

И Европската фудбалска централа им е јасно дека некои првенства не можат да се организираат и да завршат во предвидениот рок, па ќе мора да се воведат нови мерки. На пример синоќа Владата на Холандија ја продолжи забраната за собирање на јавни места до 1. септември, а тоа ја поттикна Фудбалската федерација да означи крај на фудбалската сезона (по вторпат).

УЕФА никако не може да ги казни клубовите од нешто што се нарекува „виша сила“ односно одлука на државата. И затоа Европската федерација мораше да развее бело знаме и да соопшти дека некои лиги нема да можат да завршат до пропишаниот рок – 31 јули.

Холандија веќе стави крај, а и Белгија претходно рече доста, а се очекува и Шкотланѓаните да кажат крај. Сигурно уште некои лиги, посебно во оние во кои клубовите не живеат од ТВ правата или влезниците, да ги прекинат шампионатите. Засега Германците, Италијанците и Англичаните сакаат да го продолжат првенството, затоа што ако не го сторат тоа ќе им се случи финансиски колапс.