Андреј Јакимовски, големата надеж на македонската репрезентивна кошарка, конечно е “дома”.

Членот на Торино најде начин да стигне до Венеција и со хуманитарниот лет да се врати во Македонија. Правилата за државјани кои доаѓаат од странство се јасни, но овој пат наместо две недели, тој ќе мора подолго да биде во карантин. По слетувањето во Скопје, тој е префрлен во Струга.

“Поинакво е чувството кога си дома, мислам во Македонија. Тоа ме водеше по патот од Торино кон родната земја. Сите кои бевме во овој авион нè донесоа во Струга, во хотелот ‘Дрим’. Тука ќе бидам во наредните три недели. Од кои причини е овој престој продолжен, навистина не знам. Првично бевме информирани дека карантинот ќе трае 14. дена, но не испадна така“, вели Јакимовски.

Репрезентативец повеќе од два месеци живее карантински.

„Тоа се околу 65.дена, многу, навистина многу. Но најважно е сите заедно да го надминеме сето ова кое ни донесе многу проблеми и во приватниот и во оној професионален дел од животот. Но млади сме, има уште многу натпревари пред нас. Ќе издржиме“.