Пред седум години, поточно на 6 февруари 2013 година, нашата најдобра фудбалска репрезентација во пријателски меч ја пречека силната секлекција на Данска. Одлична, фантастична игра на избраниците на Чеде Јаневски и триумф од 3:0. Стрелци на головите беа Пандев во 9.минута, Агим Ибраими во 17. по фантастичниот продор зголеми на 2:0, а Новески во 24.минута ги постави конечните 3:0. Тоа беше полувреме за паметење, иако станува збор за пријателски меч. Веројатно тоа беа најдобрите 24 минути во историјата на нашата најдобра фудбалска репрезентација.

Тогаш за Македонија играа: Пачовски, Лазевски, Новески, Грнчаров, Тодоровски, Демири, Глигоров, Пандев, Тричковски, А. Ибраими и Јаховиќ. Мечот од клупата го почнаа: Богатинов, Ристовски, Тасевски, Мојсов, Ивановски, Трајковски, Марковски, Блажевски и Стјепановиќ.

Мартин Олсен, селекторот на Данска, пак овој натпревар го започна со: Шмајхел, Јакобсен, Кјаер, Агер, Вас, Ромендал, Ериксен, Зимлинг, Крон-Дели, Јоргенсен, Корнелиус. Додека на клупата беа: Квист, Окоре, Педерсен, Фишер, Слот, Шене, Линдегарт, Хансен, Стадсгард, Киркесков.