Како што објавува Би-би-си, градоначалникот на Ливерпул, Стив Ротерам, побарал официјална истрага од државните власти за тоа што се случувало на средбата од Лигата на Шампионите меѓу Ливерпул и Атлетико Мадрид. Според неговите зборови, Ротерам се сомнева дека не е запазена процедурата кога доѓале фановите на Атлетико, а ги имало повеќе од 3.000, и дека токму тој меч е причинител на проширувањето на коронавирусот во неговиот град. Тој рекол дека само поради еден натпревар градските власти не можат да ги избројат мртвите. Инаку официјално, само во Ливерпул има 246 починати лица како последица на Ковид-19. 

Инаку интересно е тоа што во округот „Мерсисајд“, каде што и се наоѓа стадионот „Еннфилд“, процентуално, имало најмногу заразени од коронавирусот во Англија.