УЕФА денеска на состанок донесе неколку важни одлуки, а меѓудругите, го донесе и официјалното име на следното Европско првенство.

Така УЕФА реши и натаму да се вика ЕВРО 2020, и покрај тоа што ќе се игра идната година, поради пандемијата со коронавирусот.

Европското првенство беше одложено за идната година, а беа одложени и бараж натпреварите. Македонија свое место на ЕП ќе бара преку Косово, а потоа со победникот од Белорусија – Грузија.