Досадно е без фудбал, посебно во Штип каде сите едвај чекаат да заврши кризата со коронвирусот и да почне да се тркала фудбалската топка, а штипјани да и се вратат на старата добра тема – Брегалница.

Додека не почне првенството во Втората лига – Исток, надлежните во Штип прават максимални напори да се подобри теренот, кој деновиве изгледа како зелен „тепих“ и просто ги „моли“ играчите на Брегалница да дојдат и да одиграат натперавар на него.