НАшиот противник во бражот за пласман на следното ЕП, селекцијата на Косово на големо се подготвува за тој дуел. Истиот беше одложен, не се знае точно кога ќе се одигра, а нашиот ривал сака што посилен да излезе на мегдан. Затоа е во голема трка за пронаоѓање на уште нови играчи низ дијаспората кои би сакале да го облечат дресот на Косово.

Последен кој доби таква примамлива понуда е 18. Годишната голема надеж на Базел и на Швајцарскиот фудбал, Оргес Буњаку, кој има само четири настапи за сениорскиот тим. Сепак, се смета за еден од најпрспективните фудбалери на овој тим и наскоро би требало да добие голема минутажа.

Косоварите „загризаа“ за него, Швајцарските медиуми на големо пишуваат дека Буњаку добил понуда веднаш да заигра за А селекцијата на Косово, што за 18. Годишен фудбалер не е мала работа. Ова предизвикува доста негативна реакција во јавноста во Швајцарија затоа што селекциите на оваа земја, односно репрезентативците кои настапуваат за неа, многу често се мета на земјите од бивша Југославија, односно целиот Балкан, од каде што всушност и потекнуваат.