УЕФА денеска донесе неколку важни одлуки, меѓу кои и за екипите кои би настапувале во Евро-куповите, доколку првенствата не бидат доиграни. Така во нашата земја, во ЛШ би играл моментално првопласираниот Вардар.

Европската куќа на фудбалот во три случаи може да ја одбие листата предложена од секоја федерација за тимовите учеснички во Евро-куповите, и тоа.

  1. Ако домашните натпреварувања не се предвреме завршени, односно спротивно од ФИФА препораките или поради некои други причини поради кои е загрозено здравјето, односно причините да не се поврзани со Ковид-19
  2. Клубовите биле одбрани со процедура која не била објективна, транспарентна што значи дека одбраните клубови не се пласирале на основ на спортски заслуги
  3. Ако постои мислење од јавноста дека клубовите се одбрани на нечесен начин

Што се однесува до нашата земја, и натаму нема официјално кога ќе продолжи сезоната. Се очекува ФФМ да ги состане клубовите во следните денови, а потоа да се контактираат и властите кои доколку дадат зелено светло, првенството би продолжило. Јасно е дека Бундеслигата треба да стартува на 9. мај, ако за такво нешто дадат дозвола германските власти.