Во овие кризни времиња УЕФА донесе уште една важна одлука, финансиска од која бенефит ќе имаат некои клубови. Имено Европската куќа одлучи 70 милиони евра да им бидат доделени на клубовите чии играчи настапувале во квалификациите за Европското првенство и во Лигата на нациите. Освен тоа дополнителни, 130 милиони евра, ќе бидат поделени на клубовите чии играчи ќе настапа на ЕП 2021 година, но тие пари ќе бидат доделени после завршување на првенството.

Само неколку часови претходно УЕФА донесе одлука сите првенства да бидат завршени до август, за да се направи место за ЛШ и ЛЕ. Но јасно е дека сите првенства нема да можат да завршат до предвидениот рок, а во таков случај тимовите кои ги држеле местата пред прекинот ќе одат во европските купови.