Некогашниот селектор на Албанија, Италијанецот Џани де Бјази, за медиумите кај нашиот западен сосед, даде своја прогноза за исходот од долго очекуваниот меч меѓу Македонија и Косово за пласман на ЕВРО 2021.

„Косово е тим кој нема да биде  под  голем притисок. Има многу квалитетни играчи во напад, но и добра одбрана.  Верувам дека тој состав може да се квалификува за Евро 2021, исто така во чест на поранешниот претседател Фадил Вокри. Како навивач,сметам дека Косово може да ја победи Македонија, иако тој натпревар ќе биде 50-50 “- рече Де Бијаси.