Македонија нема да игра квалификациски бараж меч против Франција за СП 2021 во Египет.

Поради коронавирусот начинот на пласман е одреден според остварениот резултат на последното ЕП во Австрија, нашиот противник Франција заврши едно место пеед нас.

Ова значи дека нашите момци остануваат да се надеваат на вајлд-картата од ИХФ.

Од Европа на СП се пласираа Данска, Шпанија, Хрватска, Норвешка, Словенија, Германија, Португалија, Шведска, Австрија, Унгарија, Белорусија, Исланд, Чешка и Франција.

Елиминирана е и женската репрезентација во квалификациите за ЕП 2020 што ќе се игра во Данска и Норвешка во декември.