Паоло Малдини, откако го реши проблемот со коронавирусот, сега е постојано на социјалните мрежи, во разните подкасти, каде познатите спортисти се присетуваат на своите успешни кариери.

Познато е дека екс дефанзивецот на Милан, на репрезентацијата на Италија, освои голем број трофеи, но Паоло не е баш најзадоволен.

„Да, точно е дека освоив многу трофеи, но сметам дека јас сум најголемиот губитник во историјата на фудбалот. Па прво загубив во три финалиња во ЛШ, во едно финале во Супер купот на УЕФА, во три финалиња на Интерконтиненталниот куп, финале со репрезентацијата на СП и финале на ЕП. Зарем треба уште да набројувам?“ изјави легендарниот бек на Милан.

Инаку тој беше во тимот на „миланезите“ во епското финале во ЛШ во 2005 година во Истанбул, кога Ливерпул на пенали успеа да дојде до трофејот. Малдини беше и во репрезентацијата на Италија кога таа беше поразена од Бразил на СП 1994 и од Франција на ЕП 2000.