Македонските фудбалски репрезентативци донираа медицинска опрема за медицинските работници во болниците „8-ми Септември“ и Клиниката за Инфективни болести во Скопје.

Ова го објави на својот профил на „Фејсбук“ Илија Несторовски.

„Иако сме далеку физички, со целото срце сме со нашиот народ. Денеска дониравме одредена количина ЛЗО за медицинскиот персонал во ГОБ 8-ми Септември и Клиниката за инфективни болести.

Ви благодариме што се грижите за нашите сограѓани, не штедејќи се себе во оваа заедничка битка“, напиша Несторовски.

Во донацијата има маски, скафандери, капи, каљачи, средства за дезинфекција, ракавици, гелови, хируршки маски, заштитни визири.